Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Предлог-концепција за откривање и работа со талентирани и надарени ученици во основното образование, до 10 октомври може да се доставуваат предлози и забелешки

Бирото за развој на образованието, во соработка со Министерството за образование и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бирото за развој на образованието, во соработка со Министерството за образование и наука, ја објави  Предлог-концепцијата за откривање и работа со талентирани и надарени ученици во основното образование  и повика сите заинтересирани до 10 октомври да учествуваат во онлајн јавна расправа и да достават мислења и сугестии за креирање на конечниот текст на документот. 

МОН во јавниот повик посочува дека предлогот е изработен во согласност со член 34 од Законот за основното образование, кој предвидува донесување концепција со која се уредуваат препознавањето и идентификацијата на талентираните и надарените ученици, како и мерките и активностите за работа со нив.

– Со Предлог-концепцијата се поставува основа за развивање поврзан и достапен систем за навремено препознавање, развивање и следење на потенцијалите на учениците, стручна идентификација и обезбедување соодветна воспитно-образовна поддршка. Документот дава насоки за работата на училиштата, соработката со семејствата и стручните институции, распределбата на одговорностите и следењето на квалитетот на поддршката, соопшти  МОН.

Реклама

Целта на јавната расправа е преку вклучување на стручната и пошироката јавност да се приберат мислења, забелешки и конкретни предлози што ќе придонесат за подобрување на квалитетот, јасноста и применливоста на Концепцијата.

-Ги повикуваме наставниците, стручните соработници, директорите на училиштата, високообразовните и научните установи, стручните здруженија, родителите/старателите, учениците и сите заинтересирани да го разгледаат документот и да дадат свој придонес во неговото унапредување. Мислењата, забелешките и предлозите може да се достават до 10 октомври 2026 година, на електронската адреса [email protected], со назнака: „Јавна расправа – Концепција за талентирани и надарени ученици“. За полесно разгледување на предлозите, пожелно е да се наведат поглавјето или делот на кој се однесуваат, предложената измена или дополнување и кратко образложение. Доставените мислења, забелешки и предлози ќе бидат разгледани при подготвувањето на конечниот текст на Концепцијата, се наведува во повикот за учество во јавната расправа.