Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Економија

Предлог-буџетот за 2024 година пред комисијата за финансирање и Буџет

Со пораки за сочуство и огромно жалење до семејствата на 14 годишната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со пораки за сочуство и огромно жалење до семејствата на 14 годишната Вања и 74 годишниот Панче започна комисиската расправа за Буџетот за 2024 година . Иако станува збор за момент кој е премногу тежок за сите , мора да се испочитуваат роковите во Деловникот за да може да се изгласа Буџетот до крај на месецов, појасни претседателот на комисијата за финансирање и Буџет Бојан Стојаноски.
Владата идната година планира да собере околу 5 милијарди евра или 10 проценти повеќе од годинава и да потроши околу 5,5 милијарди евра . Дефицитот ќе е 545 милиони евра , а буџетската дупка ќе се покрива со домашно и странско задолжување од околу 1 милијарда .Скроениот Буџет пред пратениците го образложуваше Министерот за Финансии . Бесими тври дека догодина нема да има нови даноци, се издвојуваат 1,5 милијарди денари за мерки за ранливите категории, за плати се проектирани околу 600 милиони евра( 41,2 милијарди денари ) кои се за 10% повисоки во однос на 2023 година во кои се вклучени повисоките плати на функционерите и на администрацијата.

Стратегијата за заздравување, а понатаму и за забрзување на растот се заснова, прво и основно, на поттикнување на развојот преку силен инвестициски циклус, чиј носител е јавниот сектор, преку крупните инфраструктурни проекти, но исто така и приватниот сектор, кој ќе биде поддржан преку буџетските политики. Второ, клучно е обезбедувањето фискална одржливост, преку континуирана фискална консолидација, но воедно и енергетска одржливост, одржливост во земјоделството и воопшто во економијата, преку водење зелена економија, рече Бесими.
Опозициската ВМРО – ДПМНЕ подготви 250 амандмани . Ќе бараат намалување на даноците , да се обезбедат пари за оброк за студентите , кратење на непродуктивни трошоци . Реагираат оти е нејасно како Влада која нема шајка заковано проектира 733 милиони евра капитални инвестиции.
– Највисок во историјата , нереален . Капитални дотации на општини се кратат за 99,3 милиони денари во однос на Буџетот за 2023 година, ставката за изградба и одржувањето на објекти за детска заштита, или популарно наречени градинки, се кратат за 63 милиони денари, или цели 47 проценти. Кај Програмата Изградба и одржување домови за стари лица, се кратат 8,6 милиони денари, или 33 проценти – рече Стојаноски.
Од Фискалниот совет во оценка за буџетот посочуваат дека власта мора да има алтернативи доколку не се остварат макроекономските движења поради кршливоста на меѓународните услови. Советот предлага да се прекне праксата на високо проектирање на капитални инвестиции кои подоцна се прерфрлаат за тековни расходи
Комисиската расправа трае околу 10 работни дена , по што Буџетот треба да се помине на финален филтер на Пленарна седница .
Кристина Алексиеска