Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

ПРЕДИЗБОРНИОТ ЗОРАН VS ПОСТИЗБОРНИОТ ЗАЕВ

Предизборниот Зоран, контра постизборниот Заев. Наместо како што најавуваше, да се фати…

Сподели:

Предизборниот Зоран, контра постизборниот Заев. Наместо како што најавуваше, да се фати за работа и преговори за брзо формирање на стабилни институции, лидерот на СДСМ по изборите си замина на одмор. Додека лицитираше со датуми за избори, во ек на корона пандемија, кога бројките на новозаразени секојдневно растеа, велеше дека на државата и е итно потребна стабилна политичка Влада, за справување со здравствената криза во која се наоѓа Македонија. Зборовите на Заев уште на стартот на мај нималку не личеа дека тој само ден по изборите ќе замине на одмор.

ТОНСКО ЗОРАН ЗАЕВ- претседател на СДСМ 10.05.2020: На државата, граѓаните им се потребни кредибилни и функционални институции со полн легитимитет кои капацитетите ќе ги вложат во мерки и политики во интерес на граѓаните, велеше Заев на 10 мај годинава.

По овие зборови на 10 мај, истиот став лидерот на СДСМ, го имаше и 2 дена подоцна.

Реклама

-Сакам да напомнам дека водењето грижа за здравјето на граѓаните е обврска на сите институции и тие час поскоро да ги ставиме во функција, а тоа е Парламентот и политичка Влада којашто ќе носи одговорност. Здравје е за граѓаните ако сите институции 100% функционираат, велеше Заев на 12 мај.

Не беше само Заев оној кој институциите не ги вадеше од уста, генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, функционалните институции ги стави како еден од трите клучни приоритети на партијата.

-1. Заштита на здравјето, 2. Нова, брза трансформација на економијата, 3. Функционални институции кои се гарант за силна демократија, велеше Николовски на 15 мај.

Прес конференција со целосно иста содржина три дена подоцна имаше и партискиот портпарол Костадин Костадинов.

-Заштита на здравјето на граѓаните, брза трансформација на економијата и целосно функционални институции, како гарант на демократијата, велеше Костадинов на 18 мај.

А и техничкиот премиер Спасовски на првиот ден од предизборната кампања не пропушти шанса да ја спомене важноста на брзо формирање на институциите.

-Нашата држава се наоѓа во исклучително значаен период кога се очекува непречено функционирање на сите институции на државната власт, изјави Спасовски на 24 јуни.

Алфа преку СМС порака лично го праша Заев дали по изборите, поважен е одморот или брзо составување на политичка Влада и стабилни институции. Го запрашавме и дали во ек на ваква здравствена криза, би требало човекот кој треба да добие мандат за состав на Владата, да оди на одмор, наместо засилено да преговара за формирање на ново владино мнозинство. За жал, одговор не добивме ниту на двете прашања.

Матеја Петровски