Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Предадено во употреба реконструираното мултифункционално спортско игралиште во Банско

– Во кругот на Подрачното училиште „Маршал Тито“ во село Банско денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во кругот на Подрачното училиште „Маршал Тито“ во село Банско денеска беше пуштено во употреба реконструираното мултифункционално спортско игралиште, кое е реконструирано со заедничка соработка на Општина Струмица и Видеолотарија „Касинос Австрија“.

Според градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, оваа соработка е за поздравување и се надева дека ќе продолжи и понатаму.

-Општина Струмица обезбеди содветно бетонска подлога и инвестицијата на Општина Струмица изнесува 1.755.000 денари и со Видеолотарија беше обезбедена соодветна гумена подлога, оградување на игралиштето и потребните реквизити. Голема благодарност до Видеолотарија за тоа што излегоа во пресрет во реализацијата на ова игралиште. Се надевам дека оваа соработка ќе продолжи и понатаму, рече Јанков.

Реклама

Вики Чадиковска, маркетинг директор на Видеолотарија „Касинос Австрија“, истакна дека како општествено одговорна компанија постојано инвестираат во спортот.

-Во изминатиот период со буџет од над еден милион евра успеавме да реконструираме 23 спортски игралишта ширум Македонија, а денес, на наше огромно задоволство, го ставаме во функција дваесет и четвртото за кое потрошивме 4.350.000 денари, истакна Чадиковска.

Игралиштето заедно со патеката за поставување клупи се простира на површина од 950 квадратни метри, поставена е еластична гумирана подлога, оградено е со метална ограда и пластифицирана мрежа, а поставени се голови за мал фудбал и ракомет, како и кошеви.