Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Пред пратениците предлог-законот за задолжување со заем од 260 милиони евра

Собранието денеска треба да ја продолжи 102. седница, на чиј дневен ред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска треба да ја продолжи 102. седница, на чиј дневен ред преостанати се уште три точки. Пред пратениците денеска е предлог-законот за задолжување за општи буџетски потреби, во износ од 260 милиони евра, кој се носи по скратена постапка. 

Според Предлог-законот за задолжување на Македонија со заем кај КфВ ИПЕКС-Банк ГмбХ (KfW IPEX-Bank GmbH), Банко Билбао Визкаја Аргентариа, С.А. (Banco Bilbao Vizcaya Argentaria, S.A.), Ерсте Гроуп Банк АГ (Erste Group Bank AG), АКА Аусфухкредит-Гезелшафт мбХ (AKA Ausfuhrkredit-Gesellschaft mbH) и Мерил Линцх Интернатионал (Merrill Lynch International) по Договор за заем за општи буџетски потреби, вклучително и за финансирање на капитални расходи и рефинансирање на обврски утврдени во Буџетот на Македонија, заемот ќе се повлече во една транша во согласност со роковите и условите утврдени во договорот за заем, рокот за отплата на заемот е седум години, на девет еднакви полугодишни рати, со вклучен грејс-период од три години. Каматната стапка е варијабилна и се состои од шестмесечен ЕУРИБОР, зголемен за маргина што изнесува 2,10 проценти.

– Македонија ќе им плати на заемодавачите еднократна провизија во износ од 1,4 процент од износот на заемот. Македонија на агентот на заемодавачите ќе му плаќа провизија во висина од 12.500 евра на годишно ниво – се посочува во предлог-законот објавен на собраниската веб-страница.

Реклама

На дневен ред на собраниската седница се и Фискалната стратегија на Македонија за 2027 – 2031 година и Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Македонија за 2025 година.