Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Пред пратениците предлог-законот за задолжување со заем од 260 милиони евра

Собранието денеска треба да ја продолжи 102. седница, на чиј дневен ред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска треба да ја продолжи 102. седница, на чиј дневен ред преостанати се уште 11 точки. Пред пратениците денеска е предлог-законот за задолжување за општи буџетски потреби, во износ од 260 милиони евра, кој се носи по скратена постапка. 

Според предлог-законот, заемот ќе се повлече во една транша во согласност со роковите и условите утврдени во договорот за заем, рокот за отплата на заемот е седум години, на девет еднакви полугодишни рати, со вклучен грејс-период од три години. Каматната стапка е варијабилна и се состои од шестмесечен ЕУРИБОР, зголемен за маргина што изнесува 2,10 проценти.

– Македонија ќе им плати на заемодавачите еднократна провизија во износ од 1,4 процент од износот на заемот. Македонија на агентот на заемодавачите ќе му плаќа провизија во висина од 12.500 евра на годишно ниво – се посочува во предлог-законот објавен на собраниската веб-страница.

Реклама

На дневен ред на собраниската седница се и Фискалната стратегија на Македонија за 2027 – 2031 година, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за медијацијата, предлог-законот за изменување на Законот за ученичкиот стандард, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, предлог-законот за изменување на Законот за основање јавно претпријатие „Македонска радиодифузија“, предлог-законот за изменување на Законот за внатрешните работи, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешните работи, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за полицијата и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиската поддршка на инвестициите, сите по скратена постапка, и годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Македонија за 2025 година.