Реклама
Македонија

Пред Комисијата за транспорт извештаи на неколку регулаторни тела

Собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање денеска на седница ќе расправа за годишните извештаи на регулаторните тела  за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, електронските комуникации и железничкиот и поштенскиот сектор.

На дневен ред на Комисијата се минатогодишните извештаи за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги,  на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2025 година,  на Агенцијата за електронски комуникации, на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор и на Агенцијата за пошти.