Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Прецизна одлука се уште нема, угостителите чекаат зелено светло од властите

Иако газдите на кафеаните и кафулињата наголемо се подготвуваат за најавеното отварање,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иако газдите на кафеаните и кафулињата наголемо се подготвуваат за најавеното отварање, прецизна одлука од Владата кога тоа ќе се случи се уште нема. Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека за ова ќе одлучуваат Владата и комисијата за заразни болести.

Мислам дека за кратко Владата по препорака на Комисија за заразни болести и МЗ ќе донесе одлука, во моментов не може да претпоставиме каква одлука ќе биде донесена и која би била препораката која се прави во консултација со стопанските комори” – изјави Бектеши.

Министерот, чии сектор е економијата вели дека не бил запознаен со истражувањето на Туристичко-угостителската комора дека 95% од угостителите не се задоволни од мерките за поддршка и во однос на тоа чекаат зелено светло од Владата.

Реклама

Јас не знам од каде се овие податоци дека 95% не се задоволни од мерките за поддршка, само знам дека имаше голем интерес за таа помош” – додава министерот за економија.

Инаку истражувањето на туристичко-угостителска комора покажа фрапантни податоци,дека голем дел од угостителите се незадоволни од владините мерки за помош на овој сектор кој е најмногу погоден од рестриктивните мерки на владата за време на епидемијата.

“Во однос на економските мерки, на прашањето дали се задоволни од понудената мерка на Владата да даде поддршка, во висина од 9.000 денари или бруто плата од 14.500 денари, 95% одговориле дека не се задоволни, а само 5% дека се задоволни” – изјави Мартин Ангеловски Туристичко-угостителска комора.

Протоколите со безбедносни мерки за функционирање на угостителстките објекти се во изработка, а министерот за здравство Венко Филипче најави дека до крајот на неделава ќе биде соопштено и кога ќе почнат со работа рестораните.

Адријана Алексиеска