Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Прилози

Празнување на Св.Климент Охридски – Пораки за сплотување и премостување на разликите

Македонија да го зачува, унапреди и да продолжи да вложува во образованието,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија да го зачува, унапреди и да продолжи да вложува во образованието, културата и знаењето. Граѓаните одново да ги научат доблестите коишто ја одржуваат заедницата. Македонските политичари по повод државниот празик Свети Климент Охридски упатија честитки до граѓаните со силни пораки за државен просперитет, сплотеност и истрајност до вистинскиот пат за подобра Македонија.

Шефицата на државата Гордана Сиљановска  во својата честитка вели дека преку владеење на правото и борбата против корупцијата како и заемна грижа да треба да ја направиме Македонија пристојно, праведно и достоинствено место за живеење.

Собранискиот спикер Африм Гашивели дека наследството на Свети Клиемент  е универзална вредност што ги надминува верските и етничките граници и е симбол на знаењето, мудроста и напредокот.

Реклама

Овој ден нѐ потсетува дека вложувањето во образованието, културата и знаењето е најсилниот столб врз кој се гради стабилна, праведна и демократска држава. Во тие вредности ја препознаваме заедничката цел – силно, обединето и перспективно општество за сите граѓани, вели Африм Гаши, претседател на Собрание.

Премиерот на државата Христијан Мицкоски вели дека Климент со својот пример ни покажува дека преку образование се гради и зајакнува иднината на народот.

Овој ден не потсетува на важноста да го зачуваме и унапредуваме она што ни е оставено како највредно наследство јазикот и писменоста. Да продолжиме да градиме силно општество преку вложување во младите, во знаењето и во културното богатство што не обединува, вели Христијан Мицкоски, премиер.

И претседателот на СДСМ, Венко Филипче го честиташе државниот празник. Според него, влогот и упорноста на овој светец да ја шири писменоста и во време на прогонства, се потсетник дека силата на еден народ лежи во неговата писменост, култура и образование.

Наследството на Свети Климент Охридски нè потсетува дека истрајноста е решение за секој предизвик и патоказ кон напредок. Ние ја продолживме светиклиментовата мисија, и денес македонскиот јазик е еден од официјалните јазици во светот, рамноправен со јазиците на земјите членки на ЕУ, во НАТО и во ОН, вели Венко Филипче, претседател на СДСМ.

Овој ден е ден посветен на просветата, образованието и културата. Македонците го слават не само како светец туку и како симбол на македонската писменост и духовност. На овој ден, многу училишта, цркви и институции организираат свечености во чест на неговиот придонес за културниот развој на народот.

Пред споменикот на Свети Климент во дворот на Националната и универзитетска библиотека што го носи неговото име, свежо цвеќе положи владина делегација, пратеници како и делегација од Град Скопје.