Реклама

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

Македонија

Правосудниот систем, игралиште за политички маневри – Мицкоски вели, дел од судиите и обвинителите се последниот штит на СДСМ и ДУИ

Измеќари кои треба да одработат во интерес на поранешната власт бидејќи ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Измеќари кои треба да одработат во интерес на поранешната власт бидејќи ги поставила на високи функции – дел од судиите и обвинителите според премиерот Христијан Мицкоски се последниот штит на СДСМ и ДУИ чиј криминал се обидуваат да го скријат преку несовесно и нечесно работење. И наместо да бидат поборници за правда и правна држава, не можат да ги напуштат политичките интереси ниту кога ќе ја облечат судиската тога.

Правосудниот систем кој се претвори во игралиште за политички маневри власта сака да го реформира, а првите чекори беа интерпелациите за членовите на судскиот совет и предлог разрешувањето на републичкиот обвинител. Мицкоски не е изненаден од обвинувањата од опозицијата дека ова е удар врз судската власт, но е шокиран од однесувањето на обвинителот над чија глава седеше братот на Али Ахмети.

Дел од судиите и обвинителите се последниот браник и цврст штит во моментот на поранешната влада на СДСМ и ДУИ, меѓу кои е и обвинителот кој го споменавте (Коцевски). Најголемиот дел, 95% од нив се чесни, си ја работат својата работа, судат според закон и устав но има и такви кои останаа да бидат партиски измеќари и кога ќе ја стават тогата, наместо да заборават на партиските привилегии, тие се уште се верни слуги на оние што ги предложиле да бидат таму каде што се. Посебно би го потенцирал однесувањето на еден обвинител, кој одлучи да биде верен слуга на една партија која беше долги години на власт која беше дел од коалицијата. Јас сум сигурен вие новинарите знаете за кого се работи и дека тоа ќе биде наслов во вашите вести. На тој што му стоеја ушка, рече Мицкоски.

Реклама

Какви се политичките спреги јавноста повеќепати стана сведок, како на пример со фотографијата на Ислам Абази,  над чија глава стои на братот на Али Ахмети. Оттука и се отвораат сомнежи дека Асмир Јахоски, син на пратеникот Исмаил Јахоски, или познат како Пуцко Петрол се спаси од притвор во Шутка иако се сомнижи за криминал со мазут од речиси 170 милиони евра.

Мицкоски порача дека ќе мора да одговараат сите кои што се богателе со милиони евра на грбот на македонските граѓани, користејќи недозволиви материи со кои го загрозувале живтотот и го загрозувале уставно загарантираното право на живот.

Власта веќе подолго време алармира дека потребни се итни реформи за независно судство, а коренот на сите проблеми е во судскиот и обвинителскиот совет.

Адријана Алексиеска