Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Правната фела очекува пресврт со новиот државен обвинител

Модуларната болница, бонусите на СЈО, поголема самостојност, обвинителите да се вооружаат со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Модуларната болница, бонусите на СЈО, поголема самостојност, обвинителите да се вооружаат со докази, а не да работат под на притисок на јавноста и да се интервенира во успехот на Обвинителството за гонење на организиран криминал, кој наликува како да сме Северна Кореја. Долг е списокот со очекувањата на дел од правната фела од новиот државен обвинител. Адвокатот Сашко Дуковски е пријатно изненаден од владиниот предлог за државен обвинител, судијата Ненад Савевски. Тој очекува многу од него и верува дека Савевски ќе има намера и волја да среди многу работи во Обвинителството. Дуковски е убеден дека ако Савевски го земе кормилото, законот ќе важи за сите, а не како досегашната пракса, луѓе со пари излегуваат од притвор уште за време на истрага

Адвокатот Дуковски очекува дека Савевски ќе отвори истраги за предметите за кои имаат огромен јавен интерес, а документите фаќаат прашина во фиоките на Обвинителството. Објаснува дека Савевски е искусен правник бил обвинител и судија, па многу солидно ги познава сите фази од кривичната постапка.

Собранието закажа пленарна седница за 18 март на која пред пратениците ќе биде предложен Ненад Савевски за избор на државен обвинител.

Реклама

Инаку, кариерата на Савевски во правосудството се развивала постепено. Започнал како судски приправник во Основниот суд во Гостивар, потоа работел како стручен соработник, а од 2009 до 2016 година бил јавен обвинител. Од септември 2016 година е судија во Кривичниот суд во Скопје, каде работи на предмети од кривичната област, вклучително и организиран криминал и корупција. Во изминатите години бил и предавач на Академијата за судии и јавни обвинители.

Во трката за државен јавен обвинител имаше пет кандидати. Советот на јавни обвинители на 17 февруари даде позитивно мислење за четворица: в.д. државната обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата Ненад Савевски и обвинителката Лидија Раичевиќ.