Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Економија

Пратениците си играат мајтап со лебот на работниците, субвенциите за плати – заложник на партиите

Законот за исплата на плати за работниците заглавен во Собранието. Платите за…

Сподели:

Законот за исплата на плати за работниците заглавен во Собранието. Платите за февруари и март кои ги субвенционира државата, остануваат во заложништво на инаетот на политичарите, кои наместо да итно да ги изгласаат законите, намерно го кочат Парламентот.

По неколку дена молк од Собранието, спикерот Талат Џафери рече дека Законот за финансиска поддршка на фирмите за исплата на плати е закажан за 23 март. Во прашање бил и Деловникот за работа кои има рокови за доставување на предлог-закони.

Ако пратениците не смогнат сили и час поскоро не ги изгласаат законите од кои зависи лебот на стотици граѓани, добар дел од фирмите нема да можат да им исплатат плати на работниците кои ја чекаат државната помош од петтиот сет економски мерки.

Реклама

Десет од вкупно 29 мерки опфатени во петтиот сет економски мерки ќе треба да бидат преточени во законски решенија и изгласани од пратениците за да бидат достапни на стопанството. Досега Владата до законодавниот дом испратила само еден предлог закон за финансиска поддршка за исплата на плати за февруари и март како приоритетна мерка за компаниите.

Власта е оптимист дека мерките ќе бидат навремено донесени од Парламентот, иако последниве недели Собранието мака мачи да обезбеди кворум поради отсуство на пратеници. Од друга страна синдикатите, стопанските комори, работодавачите со душа ја чекаат државната помош, зашто секое доцнење се одразува негативно на економијата, која и онака е на стаклени нозе.

Борис Грујоски