Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Пратеници со волонтери на Црвен крст излегоа на терен по повод Светскиот ден на волонтерството

По повод 5 декември – Светскиот ден на волонтерството, пратеници заедно со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 5 декември – Светскиот ден на волонтерството, пратеници заедно со волонтери на Црвен крст на Македонија, утрово излегоа на терен за да помогнат таму каде што е потребно. 

Како што беше појаснето, активностите опфаќаат пакување и дистрибуција на хуманитарна помош, поддршка за бездомници, помош на стари и изнемоштени лица во домашни услови, социјални активности за поддршка на лица од третата доба, поддршка за лица со попреченост, промотивни активности од областа на првата помош и крводарителство и други хуманитарни и социјални активности во заедниците.

Пред да излезат на терен, во просториите на Црвениот крст во Скопје, се обрати претседателот на организацијата, Ромел Велев. Тој ги запозна пратениците со работата на Црвениот крст, потсетувајќи дека годинава прославија 80-годишен јубилеј и оти имаат 33 општински организации низ државата. 

Реклама

-Црвениот крст на Македонија денеска работи рамо до рамо со група пратеници, кои покажаа подготвеност да одвојат од своето драгоцено време, да излезат на терен, да допрат до луѓето и да го почувствуваат вистинското срце на хуманоста, подвлече Велев.

Тој им се заблагодари, велејќи дека со овој пример се покажува дека волонтерството е универзална вредност.

Собранискиот претседател Африм Гаши рече дека уште кога зборувале за идејата, му се допаднала и таа се вклопувала со визијата да се доближи Собранието до граѓаните. 

Гаши го честиташе Денот на волонтерството и рече дека ваквата организација треба да продолжи и зад камери. 

Претседателот на Собранието додаде дека Законот за волонтерство е малку застарен и треба да се направат некои измени, со цел, како што нагласи, да се приспособи на денешните предизвици.