Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Пратенички прашања – струјата, инфлацијата, цените во фокусот на седницата

Енергетскиот сектор и потрошувачката во зима се најдоа во фокусот на последната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Енергетскиот сектор и потрошувачката во зима се најдоа во фокусот на последната тура пратенички прашања во Собранието годинава. Опозицијата критикуваше за поскапувањето на електричната енергија и прогласувањето на кризна состојба на пазарот со струја за да се искористат државните резерви на мазут поради блокадата на граничните премини со Грција. Премиерот Мицкоски одговара дека СДСМ манипулирала со раст на цената на електричната енергија од над 5%, за на крај поскапувањето да биде двојно помалку. Тој вели дека за краток временски период биле направени бројни реформи во енергетиката и започнати проекти за поголемо производство на струја и намалување на загадувањето. Додава дека за време на владеењето на СДСМ, енергетиката доживеала катаклизма, а партијата профитирала од криминалот направен во државните енергетски компании.

Пратеничката Сања Лукаревска од СДСМ го впери прстот кон Министерството за економија за најголема одговорност за ценовните шокови за населението, креирањето на потрошувачки кошнички и дијалог со газдите и работниците без конкретни одлуки за пораст на минималната плата. Дополнително таа реагираше за нереализираната реформска агенда. Министерот Дурмиши ги отфрли ваквите обвинувања како неосновани. Вели не е против зголемување на минималецот, но мора да има договор меѓу заинтересираните страни, инспекциските контроли биле зајакнати, а за инфлацијата и потрошувачката кошничка во Македонија рече дека биле најмали во регионот.

На пратеничките прашање во Собранието се зборуваше и за напорот да се воведе ред во Јавното Обвинителство, за вработувањата во администрацијата, како и за покачувањето на платите на наставниците. Министерката за образование Весна Јаневска информираше дека Владаат се залага за постепен и континуиран раст на платите во секоја година од мандатот и дека по истекот на 4-те години, нивните примања ќе бидат повисоки и до 60%, а стандардот значително подобрен.