Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Прилози

Позитивни трендови во охридскиот туризам

Двеилјади дваесет и петта година на охридската ривиера донела поголем број на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двеилјади дваесет и петта година на охридската ривиера донела поголем број на гости  во однос на претходната- експертите ги сумираат податоците. Станува збор за 8 процентно зголемување на туристи кои го посетиле Охрид,но тие оствариле помал број на ноќевања.Заклучно со август во првите 8 месеци од годинава порастот на бројот на ноќевања е  2 %. Симптоматично е тоа што има намалување на бројот на ноќевања од домашните туристи,што значи иако се побројни, тие просечно помалку остануваат во нашиот туристички центар. Сепак податокот дека имаме зголемен број на странци кои доаѓаат и го продолжуваат својот престој,дава надеж за еден добар туристички развој.Еспектите анализираат што треба да се направи идната 2026-та.

 Многу се битни содржините што се нудат,многу е битна исто така промоцијата што се прави.Претходно aгенцијата за промоција и поддршка на туризмот ја имаше таа задача, сега е тоа префрлено на министерството за култура и туризам.Се надевам дека нивата организација ќе донесе нов квалитет.Дека ќе се промовираат нашите дестинации  во државата и во странство, посебно во државата затоа што на некој начин имаме намалување на интересот за посета односно подолготрајно останување во Охрид-вели д-р Цветко Андреески-универзитетски професор

Последниве 15 години бројот на туристи расте,но тоа е самостатистилка категорија која не значи дека го подобрува квалитетот на живеење во Охрид односно дека се нудат подобри услуги,велат од општинскиот сектор за туризам. Факт е дека соседството со брзи чекори ја подобрува туристичката понуда пред се преку развој на инфраструктирните проекти,нешто на што интезивно се работи и во Македонија.

Реклама

Искрено верувам дека со тоа што во догледно време очекуваме автопатот да биде завршен, што ќе претставува една дополнителна позитивна карактеристика за пристапот на туристите до Охрид.Да се надеваме дека во догледно време ќе бидат реализирани проектите за железница, автапатот преку Ќафасан до Албанија, што во голема мера ќе ја олесни комуникацијата што е една од основните предуслови да можеме да размислуваме за развој на туризам-вели Ѓоко Апостолов,ТЛЕР Охрид

Дополнително многу значи воведувањето на новите авиолинии, од двата аеродроми,она што сега треба да се направи е силна промоција и изготвување на национална стратегија за развој на туризмот. Да се склучат договори со соодветни тур оператори посебно од Европа меѓутоа и од Далечниот исток ,поготово во оној вонсезонски период,сугерираат експертите. На таков начин ќе имаме многу добри резултати и можеме да привлечеме не побројни, туку поквалитетни гости.