Реклама

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Прилози

Пожарот во Кочани – аларм за реформи во противпожарната заштита

Во Македонија има двојно помалку пожарникари од законски пропишаното – само 400,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Македонија има двојно помалку пожарникари од законски пропишаното – само 400, иако потребни се минимум 800, или по еден пожарникар на секои 1.500 жители. Освен недостигот на кадри, државата нема национален тренинг-центар за обука, а опремата е застарена  и неунифицирана. Општините не можат сами да се справуваат со пожари посебно со сложени интервенции.

„Само како пример ќе ви го спомнам случајот што ни се случуваше во неколку општини распишуваат конкурс за човек кој ќе работи во противпожарната и се пријавуваат 4 – 5 они избираат еден, другите пријавени се жалат затоа што нема основ за да го изберете тој да биде избран, затоа што нема квалификација, нема граница, нема стандард“, изјави Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС“, изјави Душица Перишиќ – извршна директорка на ЗЕЛС.

Во моментов Министерствата и државните институции работат на промена на постојните нормативи во вид на закони и правилници за работа со кои ќе се воведат построги и повисоки стандарди за заштита и безбедност за сите кои сакаат да работат со угостителска дејност.

Реклама

 „Изминатите неколку години сме сведоци на големи трагедии, кои се предизвикани токму од недостатокот на спроведување на стандарди, за безбедност и заштита од пожари. Овие трагедии беа резултат на законски нормативи, полни со недоречености. Недостаок на контролни механизми за спроведување на постоечките пропишани регулативи и стандарди за безбедност, лошата координираност на институциите, но и нискиот праг на стандарди за давање на дозволи за работа во дејности но и објекти“, изјави Марјан Ристевски Заменик министер за економија и труд.

„Оваа конференција ги обединува од сите сектори инженери проектанти пожарникари државни институции и поширока јавност со една заедничка цел да се зајакне свеста на значењето и примената на стандардите што ги одржуваат луѓето и имотот безбедни“, изјави директорот на Институтот за стандардизација на Македонија“, изјави Џеват Кицара – директор на институтот за стандардизација на Македонија.

На конференцијата на Институтот за стандардизација и Техничкиот комитет, експертите посочија дека слабостите сè уште се присутни – но дека конечно има сигнал за институционален зафат.Се зборуваше и за ризиците од новите технологии – како фотоволтаиците, кои ако се неправилно инсталирани, можат да предизвикаат пожари.

„Иако фотоволтаиците генерално се безбедни недостатоци во дизајнот грешките во инсталацијата и дефектите на компонентите можат да доведат до пожари честотапи вклучувајќи електрични искри или жаришта“, изјави Горан Јовановски Заменик директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

По години на институционално игнорирање, иницијативите за системски промени доаѓаат со задоцнување – но и со очекување. Без применети стандарди, без координација и одговорност, ризиците остануваат – а последиците ги трпат граѓаните.