Реклама

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Македонија

Пожарот на Пелистер сè уште тлее во шумскиот дел на тежок, пристапен терен

Спасена моликата на Пелистер. Во текот на целата вечер, со надчовечки напори,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Спасена моликата на Пелистер. Во текот на целата вечер, со надчовечки напори, пожарникарите од Ресен и Битола направија пресек и не дозволија огнената линија да навлезе во паркот и да изгори националниот симбол. Иако поради силниот ветер сè уште постои можност пламените јазици да стигнат до шумата, надлежните велат дека од утринава овој пожар е ставен под контрола.

Се гасне и од земја и од воздух. На терен се пожарникарите, огнените тимови и доброволците на Дирекцијата за заштита и спасување, а од утринава на помош дојдоа и припадниците на Национални шуми. Сепак, и понатаму останува ризик од негово распламтување поради топлото време и сувата вегетација.

„Во текот на ноќта и утрово водевме жестока битка со огнените јазици. Можам да кажам дека пожарот е ставен под контрола и дека огнената линија, која вчера во попладневните часови ни избега, е запрена“, изјави раководителот на Главниот штаб за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Реклама

Поради непристапниот и тешко прооден терен, гаснењето од земја не е возможно, па од утринава, покрај пинцгауерите, беа активирани и ер-тракторите, како и полицискиот хеликоптер, кои што фрлија неколку тони вода на критичните точки.

„Концентрирани се големи сили за ставање под контрола на овој пожар. Станува збор за еден од најтешките шумски пожари оваа сезона. Целта е да не дозволиме огнот да навлезе во квалитетната шума на Националниот парк Пелистер“, изјави раководителот на Главниот штаб за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Критично е и во Општина Врапчиште, кај селото Градец, каде што гори борова шума. Од утринава над овој регион се гасне со помош на полицискиот хеликоптер, кој надлетува и црпи вода од блиското езеро. Во моментов се ангажирани гостиварските пожарникари, но доколку има потреба, ќе бидат ангажирани и дополнителни сили, појасни првиот човек на Дирекцијата. На територијата на Македонија во последното деноноќие гореше на повеќе од дваесетина места. Од нив девет сè уште се активни, три се под контрола, а еден е изгаснат.