Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Пожарите во Вашингтон уништија повеќе од 700 објекти, евакуирани се 64.000 луѓе

Шумските пожари кои веќе трет ден горат на периферијата на Спокен во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шумските пожари кои веќе трет ден горат на периферијата на Спокен во американската сојузна држава Вашингтон уништија најмалку 700 објекти и принудија 64.000 луѓе на евакуација, соопштија денеска локалните власти.

Три пожари во областа се прогласени за највисок приоритет за гаснење во САД, вклучително и пацифичкиот северозапад, кој е погоден од суша, каде голем број пожари веќе со недели горат и го влошуваат квалитетот на воздухот во поширокиот регион.

Пожарите во околината на Спокен зафатија повеќе од 8.000 хектари од нивното избувнување во саботата, во предградијата на северниот раб на градот, во кој живеат околу 230.000 луѓе. Според портпаролот на командниот центар за инциденти, Бенџамин Косел, до вчера околу 64.000 жители биле опфатени со итни наредби за евакуација, додека еден ден претходно таа бројка изнесувала околу 4.000.

Реклама

Најмалку 700 објекти изгореа во пожарите, главно во станбени подрачја, додека воздушните инфрацрвени снимања покажаа дека уште околу 400 згради би можеле да бидат оштетени или уништени, рече Косел.

Причината за пожарот сè уште се истражува. Засега нема пријавено повредени ниту загинати лица, но Косел предупреди дека ситуацијата би можела да се промени во наредните денови, кога огнената стихија ќе се смири и кога тимовите за пребарување ќе можат да пристапат до заедниците кои моментално се недостапни поради интензивното ширење на пожарот. Тој наведе дека непознат број луѓе се водат како исчезнати, додека пожарот од шумските подрачја се прошири во населените и комерцијалните зони, претворајќи се „од шумски пожар во градски пожар“.

Околу 1.100 пожарникари се ангажирани на гаснењето на пожарот кај Спокен, рече Косел, додека ширум САД со шумските пожари се борат повеќе од 29.200 припадници на противпожарните служби.

Според податоците на Националниот меѓуагенциски противпожарен центар, најголема концентрација на пожари има во Орегон, Вашингтон и Ајдахо. Агенцијата вчера пријави повеќе од 100 големи нови пожари во 15 сојузни држави, од кои мнозинството се на северозападот од земјата, што дополнително ги оптовари ресурсите за гаснење.

Северно од американско-канадската граница, пожарите продолжија да се шират и во канадската провинција Британска Колумбија, каде рекордно сувите услови доведоа до она што официјалните лица го нарекоа „експлозивно“ однесување на огнот во јужниот дел на провинцијата.

Националниот меѓуагенциски противпожарен центар регистрира вкупно 44.722 шумски пожари ширум САД од почетокот на годината, што е најголем број за овој период во најмалку последната деценија. Пожарите зафатија речиси 5,2 милиони хектари, што претставува најголема површина погодена од оган од јануари до почетокот на август од 2022 година досега.

Научниците наведуваат дека условите кои придонесуваат за сè поинтензивните шумски пожари во Северна Америка, Европа и другите делови од светот, како што се долготрајните суши и екстремните жештини, во голема мера се поврзани со климатските промени предизвикани од човекот.