Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Пожарите и оваа година ги соголеа шумите, според надлежните штетата е помала споредено со лани

Овогодинешните пожари предизвикаа огромни штети по растителниот и животинскиот свет, но споредбено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Овогодинешните пожари предизвикаа огромни штети по растителниот и животинскиот свет, но споредбено со лани се далеку помали. Најчесто гореше деградирана шума, а екипите кои се бореа со пламените јазици во голем дел спречија огнот да зафати даб и бор. Ваква е првичната проценка на Јавното претпријатие „Национални шуми„ по огнената стихија која во јули ја зафати државата. Точни податоци  за тоа колку хектари површина проголта огнот и колкави се штетите од економски аспект, ќе има откако ќе заврши целата опсервација на теренот.

„Ако минатата година имавме една бројка од над 5милјарди денари штета, оваа година тие штети би биле неколкукратно помали. Во моментот се уште се прават опсервации за тоа какви површини беа зафатени со шумските пожари, меѓутоа ќе кажам дека штетата ќе биде многу помла за разлик од лани„ изјави Кире Михаилов, од Јавното претпријатие „Национални шуми„…

Годинава надлежните бележат драстично намалување на бројот на шумски пожари. Лани во јули биле регистрирани 74, а годинава  53. Позитивна статистика има и за месецот август. Во 2024 имало 89, а сега само 40. Спорд Кире Михаилов, ова се должи на воведувањето на систем за превенирање со кој ова лето успеале да ги десеткуват шумските пожари.

Реклама

 „Сите оние институции кои превенираат појава на пожари, сите оние институции кои по рано детектирање се појвуваат на самиот пожар, придонесо површините кои се зафатени во однос на она што било во минатото се релативно помали и доколку не беа пожарите во Дојран, на Готен и Јасен , бројките ќе бе реалативно помали„ изјави Кире Михаилов, од Јавното претпријатие Национални шуми.

Од почетокот на годината до денеска во државата се регистрирани 107 шумски пожари. Најтежок беше на планината Готен, каде екипите за гаснење со огнената стихија се бореа речиси две недели. Пожарот започна од Струмичко, па потоа се префрли во Радовишко и на Малешевските планини во Берово. Се вклучија и меѓународни екипи. Од воздух огнот го гасеше шечкиот Блек хок, а на македонските екипи им помгаa и пожарникари и доброволци од Словенија. За разлика од лани кога пламените јазици се доближуваа до Пехчево, годинава таму нема ниту еден регистриран пожар.