Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Прилози

🎥 Пожар во Визбегово – Приведен сопственикот на отпадот за старо железо од каде почна да гори

Пожар во отпад за хаварисани возила создаде црн облак над Скопје. Повремено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожар во отпад за хаварисани возила создаде црн облак над Скопје. Повремено се слушаа детонации од плински боци, а повреден е еден пожарникар за време на гаснењето на огнот.

Пожарот настал утрото околу 8 часот и 30 минути, а локалното население со луѓе од општината веднаш почнале да го гаснат. Поради ветерот ја изгубиле контролата врз пламените јазици и пламенот стигнал до првите куќи што се наоѓаат во близина на отпадот. Жителите од Шуто Оризари учествувале, а Курту Дудуш побарал помош од ЦУК и Дирекцијата за заштата и спасување. Скопската бригада испрати четири против пожарни возила, а се делуваше и од воздух. Еден полициски хеликоптер и „ер-тракторот“ истураа вода околу два часа врз пожарот. Со трактори и багер се копаше земјата околу пожарот за да се зафати и тревата околу отпадот.

  • „Се приближи пожарот до ѕидовите до куќите и направивме напори со екипите од пожарна, сега за сега е локализиран, а жариштето се уште гори“ рече Курту Дудуш – Градоначалник на Општина Шуто Оризари.

Навреме беше спречено проширувањето кон куќите. Додека пожарникарите се обидуваа да го локализираат пожарот настана масовна тепачка во дворот на фирмата за отпад, а полицијата ги раздвојуваше. Претходно од страна на сопственикот на отпадот за старо железо беше нападната новинарска екипа.

Реклама

Од МВР потврдија дека еден е повреден, а сопственикот на отпадот е уапсен.

  • „Денеска (09.07.2025) во 09.16 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо ул. „Б. Буна“ во Скопје има пожар односно дека горат хаварисани возила, на кои имало монтирано плински уреди и се слушаат детонации од истите. До сега нема зафатено приватен имот – куќи. Се преземаат мерки за гасење на огнот и расчистување на случајот. До овој момент едно лице е повредено и е пренесено за укажување лекарска помош,“ стои во информацијата од МВР.

Според Дудуш, општината издала позитивно мислење на фирмата за отпад во ноември, а не е запознаен дали добиле дозвола од Министерството за екологија.

  • Дозволата важела до февруари 2025, но во ноември 2024 имаат поднесено ново барање, но до каде е барањето немаме информација бидејќи кај нас се бара само мислење “ рече Дудуш.

Поради која причина избувнал пожарот засега е непознато.