Густ и црн чад покри дел од скопската населба Карпош 4, откако голем пожар избувна во магацините на поранешната фабрика Макотекс. – Пламените јазици за брзо ги проголтаа бараките во кои имало стари автомобилски делови, бои и лакови и разни хемикалии од кои и веројатно и брзо дошло до негово ширење. Итната помош интервенираше два пати кај еден граѓанин и пожарникар кои вдишале од чадот. Противпожарните служби со повеќе возила и екипи водеа неколку часовна битка со пламените јазици, а помогна и авион на Дирекцијата заштита и спасување, кој се враќаше по извршувањето на задачата за поддршка при гаснењето на пожарот во Маврово-Ростуше. По речиси три часа од избувнувањето на пожарот, беше ставен под контрола и целосно изгаснат.

Официјални причини за пламнувањето на поранешната фабрика нема, но претпоставките се дека од дотраената инсталација настанал пожарот.
„Поради интезитетот на пожарот беа побарани од јавното претпријатие „Комунална хигиена“, две цистерни кои ни вршеа дотур на вода, бидејќи имавме потреба од дополнителна количина на вода, бидејќи хидрантите кои ги има во околните згради немаат задоволителен притисо изјави“, Ѕвонко Томевски – командир на противпожарната бригада

Очевидците велат дека пожарот избувнал ненадејно и брзо се проширил, а дел од граѓаните вознемирено ја следеа ситуацијата од околните згради.
„Не знам, кога веќе пристигнав тука да видам за што се работи, веќе беше во пламен, пожарни почнаа да гасат, и така натаму, а што и како не можам да ви кажам. Прозорот ми е од таа страна. Станав во 11 и 40 и имаше луѓе како фрлаат нешто, се слушаше како тропа и почна од куќичката да излегува чад и имаше човек што снимаше, а потоа избега со кола. Партизанска од Градежен факултет се гледаше ова, од тука сум. Сега разбирам дека сервисите изгледа горат“, велат граѓаните.
Во опасност биле доведени и објектите околу магацините.
„Кога почна да гори, истрчав таму и им кажав дека гори, на почетокот. И дојдоа луѓето со апарати, додека дојде пожарна. Имаше опасност, огнот идеше навака, дојдоа пожарникарите и го стопираа. Тоа што гори гори. А се ширеше“….
Пожарот остави зад себе пепелосани магацини, а причините за избувнувањето на истиот ќе бидат дополнително испитани.
