Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Повреден пожарникар при гаснење пожар во Визбегово

Центар за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека при денешната интервенција на пожар во селото Визбегово, Општина Бутел, во кој гореле дива депонија и сува трева, дошло до ненадејна експлозија, при што е повреден еден пожарникар. -Неговата состојба е стабилна и тој е вон животна опасност. Од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје информираат дека […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Центар за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека при денешната интервенција на пожар во селото Визбегово, Општина Бутел, во кој гореле дива депонија и сува трева, дошло до ненадејна експлозија, при што е повреден еден пожарникар.

-Неговата состојба е стабилна и тој е вон животна опасност. Од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје информираат дека пожарникарот се здобил со повреди на ногата и увото и е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – посочуваат од ЦУК.

Воедно, потенцираат дека причината за експлозијата сè уште не е утврдена. Како што нагласуваат, според првичните претпоставки, можно е да станува збор за експлозија на боца под притисок.