Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

Повик до Македонците од Албанија, да се регистрираат за гласање на изборите и да го поддржат македонскиот глас

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) упати повик до Македонците кои живеат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) упати повик до Македонците кои живеат надвор од границите на Албанија да го искористат своето право на глас и да го поддржат македонскиот глас на парламанетарните избори што ќе с еодржат на 11 мај.

„Вашиот глас е клучен за зајакнување на македонската заедница во Албанија и за поддршка на политичката програма на МАЕИ, која се залага за заштита на македонскиот идентитет, култура и права. Со секој ваш глас, ја гарантирате иднината на Македонците во Албанија и го продолжуваме нашето заедничко патување кон европска интеграција. Не дозволувајте вашиот глас да остане неслушнат! Регистрирајте се и гласајте за Македонска алијанса за европска интеграција – вашата сила за посветла иднина“, повикува МАЕИ.

Исто така во повикот стои дека овие избори за првпат имаат можност да гласат од странство преку пошта.

Реклама

Процесот на регистрација за гласање е веќе отворен и се врши преку Националната платформа на Централната изборна комисија. За регистрацијата ви е потребен електронски уред (паметен телефон, лаптоп, компјутер со предна камера) за верификација преку фотографирање на лицето за регистрација и скенирање (фотографирање) на идентификацискиот документ и другиот документ за потврда на адресата, стои во повикот на партијата, во кој детално се објаснува начинот на аплицирање.

Аплицирањето за остварување правото на глас на албанската дијаспора почна на 11 овој месец и ќе трае до 4 март. Посебна комисија, која работи 24/7 ги разгледува пријавите и во рок од пет дена апликантот добива одговор дали е прифатена или одбиена. До вчера за гласање се пријавиле 14 261, а прифатени се барањата на 2 352 лица.