Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Повеќе од 600 граѓани го следат првиот бесплатен вебинар на ВЕЗИЛКА за вовед во вештачка интелегенција

Преку 500 слушатели онлајн и седумдесетина во амфитеатарот на Факултетот за информатички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преку 500 слушатели онлајн и седумдесетина во амфитеатарот на Факултетот за информатички науки и компјуетрско инженерство (ФИНКИ) денеска го следат бесплатниот вебинар „Вовед во Вештачка интелгенција“ што го спроведува Националниот центар за вештачка интелегенција „Везилка“ (Vezilka AI Factory Antenna).  

Ова е првата од вкупно три сесии во рамки на курсот, наменет за сите што сакаат на едноставен и практичен начин да разберат што е вештачка интелигенција, како ВИ-системите учат од податоци, каде можат да помогнат и кога е неопходна човечка проверка. 

Предавачи се проф. д-р Андреа Кулаков и ас. м-р Елена Атанасоска, а преку примери од секојдневието, кратки квизови и практични вежби учесниците се запознаваат со основните концепти на ВИ. За да ги следите овие обуки не е потребно претходно техничко знаење.

Реклама

Учеството е бесплатно и отворено за сите, но регистрацијата на платформата за обуки на ВЕЗИЛКА е задолжителна. Потребно е да креирате корисничка сметка на train.vezilka.ai и потоа да се пријавите на курсот.

Регистрирај се и пријави се: https://train.vezilka.ai/course/index.php?categoryid=3

Ова е само почетокот на програмата за обуки на ВЕЗИЛКА — следуваат нови курсеви и можности за учење од различни области на вештачката интелигенција.