Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Прилози

Повеќе пари и мерки за бизнисот и младите

Нова владина финансиска инекција за приватниот сектор и за невработените. Годинава се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова владина финансиска инекција за приватниот сектор и за невработените. Годинава се активираат неколку клучни мерки и закони кои директно ќе влијаат врз развојот на бизнисот, зголемувањето на вработувањата и задржувањето на младите во државата. Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, на денешната средба со бизнисмените од Кисела Вода ги претстави Законот за финансиска поддршка, Оперативниот план и новиот закон за работно, односно сезонско ангажирање, кој стапи на сила од 1 јануари.

„Законот за финансиска поддршка кој започнува сега од оваа година, од 1 јануари во надлежност на министерството за економија и труд каде ќе бидат достапни преку 20 милиони евра за бизнис секторот, посебно за производствените капацитети и компании“, изјави Марјан Ристески, министер за економија и труд.

За Оперативниот план кој ќе се реализира преку Агенцијата за вработување, Ристески објасни дека е најобемен досега и дека со вложување на рекордната сума на средства наменети за поддршка на бизнисот, директна корист ќе имаат и невработените лица.

Реклама

„Лани беше рекорден 40 милиони евра, оваа година ќе биде над 40 милиони евра, некаде околу 42 или 43 милиони евра, каде што има доста атрактивни мерки, кои се наменети за бизнис секторот, меѓутоа и за невработените лица и за луѓе кои што вие, од приватниот сектор ќе ги вработите, пред сѐ млади луѓе, бидејќи нашата цел и заложба е да помагаме на младите да ни останат во државата“, изјави Марјан Ристески, министер за економија и труд.

Како трет значаен чекор, министерот го истакна новиот закон за работно, односно сезонско ангажирање, кој стапи на сила од 1 јануари. Според Ристески, ваквиот закон е особено атрактивен и ќе важи за сите – вработени, невработени и социјални категории, но и за студенти и млади. Истата можност ќе можат да ја искористат и пензионерите, како и лицата кои сакаат дополнително да работат.

На средбата со бизнисмените, министерот се осврна и на Законот за нефер трговски практики, како и на позитивните искуства од формирањето на Економско-социјалните совети на локално ниво.

Со овие мерки и законски решенија, Владата најавува силен фокус на развојот на приватниот сектор, отворање нови работни места и создавање услови младите да ја градат својата иднина во Македонија.