Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Потврдено македонско – унгарското партнерство, во иднина ќе се интензивира соработката

Посетата на владината делегација на Унгарија ќе придонесе за дополнително зацврстување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Посетата на владината делегација на Унгарија ќе придонесе за дополнително зацврстување на односите Скопје-Будимпешта, поголема поддршка за економскиот развој но и за евроинтегративниот процес. Според премиерот Христијан Мицкоски, Унгарија е докажан стратешки партнер на Македонија а по средбите таму, очекува да се зголеми соработката уште повеќе. Шефот на нмакедонската влада е дециден дека придобивките од добрите односи со Виктор Орбан биле потврдени пред се со заемот од една милијарда евра. Половина од овие пари се искористија за враќање на обврзницата од 2018 година, а половина за општините и за бизнисот.

Што се однесува до придобивките од Унгарија. 1 милијарда евра, 500 милиони се искористени за враќање на обврзницата, и ќе го видите долгот дека е намален. Така работи оваа влада, домаќински, одговорно. Останатите, 250 се во проекти, а 250 во бизнисот, за жал морам да кажам интересот е 380 милиони, значи бизнисот е гладен, значи има потреба, но немало пари. Тие проекти ќе ја зголемат економијата. Тие проекти ќе донесат многу работни места. Со стопанските комори поставивме цел од нови 5000 работни места, но моите информации велат дека таа бројка е дуплирана, со овие проекти кои бараат финансирање од овие пари од унгарија. Тој интерес е 380 милиони, очекувам да порасе до 500 тоа е за мене инспирација, да побарам уште пари, за да може бизнисот да се развива. Младите да се вратат во државава, а тоа ќе го постигнеме со силна економија, рече премиерот Мицкоски.

По заедничката унгарско-македонска владина седница, двете страни се согласија во иднина да имаат поголема соработка, при што се подготвуваат договори на ниво на влада, во делот на инфраструктурата, воената соработка, образованието, културата и земјоделството.

Реклама

Орбан и Мицкоски најавија меѓувладина економска спогодба. Унгарскиот премиер порача дека Македонија, Србија и Унгарија припаѓаат на иста економска регија, простор што може да биде заедничка економска зона која ќе придонесе за голем економски потенцијал. Но, бидејќи Македонија и Србија се надвор од ЕУ, тоа единствено може да се премости со интензивни билатерални односи меѓу земјите. Заклучија и дека трговската размена од 2010 година е досега седум пати зголемена.

Поддршка од Унгарија стигна и за македонските евроинтеграции. Орбан порача дека е срамно што овој процес се одвива толку бавно, и за тоа се виновни членките на Европската Унија. Мицкоски пак, побара да се престане со билатерализација на процесот, и Блокот да помогне во решавањето на проблемите со источниот сосед и обезбедување на гаранции.