Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Потпишување договори за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од Коридорот 8

Со денешното потпишување на договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со денешното потпишување на договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договори за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), почнува третата фаза од финансирањето на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од Коридорот 8.

Потпишувањето е во Владата, а присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, Бен Нупнау – заменик шеф на Делегацијата на ЕУ, Фатих Туркменоглу – директор на ЕБОР за Македонија, Бјорн Габриел, директор на ЕИБ во Македонија, како и директорот на Железници – Инфраструктура, Синиша Ивановски.

Преку Инвестициската рамка за Западен Балкан на ЕУ се обезбедени 149 милиони евра грант за изградба на третата делница од железничкиот коридор 8.  

Реклама

Во текот на оваа година се очекува да почнат работите на терен. Есенва е предвидено да се избере изведувач и веднаш потоа да се почне со работа. Веќе има активен тендер за избор на надзор и се оди во две фази, предфквалификација која е во финиш и квалификација, а тендерот за градба ќе биде во една фаза.   

-Денешното потпишување претставува продолжување на визијата што ја постави оваа Влада – Македонија да ја искористи својата уникатна позиција како раскрсница на двата коридора, 8 и 10 и на тој начин да го докаже своето место како срце на Балканот. Изградбата на Коридорот 8 е еден од врвните приоритети на Владата. Ова е исклучитлено значаен ден зашто по скоро две години работа доаѓаме до реален и остварлив проект, што може да биде реализиран. Успеавме да постигнеме договор со Бугарија за изградба на прекуграничен железнички тунел што треба да ги спои двете држави. Очекуваме на крајот од овој месец да се одржи вториот меѓувладин состанок во Скопје, а пораката е јасна – двете држави испраќаат заедничко писмо до ЕУ, ЕИБ и ЕБОР, за обезбедување грант за изградба на тунелот кои, убеден сум, ќе бидат далеку поголеми од оние грант средства за кои досега се зборуваше. Овој настан покажува како може да се реализираат проекти, да се решаваат проблеми од минатото и да се стават работите на вистинските шини и да се движат истакна министерот за Николоски.

Според министерката Димитриеска-Кочоска, со документите што денеска се потпишуваат, се создаваат услови за непречено продолжување на реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во државата. 

-Денеска потпишуваме амандмани кон договорите за финансирање и амандман на договорот за грант за проектот „Изградба на нова железничка делница Крива Паланка – граница со Република Бугарија, како дел од железничкиот Коридор VIII“, со кој се обезбедува финансиска конструкција што ќе овозможи целосна реализација на проектот, а кој не само што ќе обезбеди подобра поврзаност меѓу Јадранското и Црното Море, туку ќе придонесе и за поголема економска интеграција, полесно движење на луѓето и стоките, како и за нови можности за развој на македонската економија и на целиот регион, рече министерката.

Таа оцени дека за реализација на стратешките проекти не е доволна само политичката определба, туку е неопходно да постои и стабилна и одржлива финансиска рамка.

-Владата има јасна определба за реализација на стратешките инфраструктурни проекти. Во изминатите две години интензивно работиме на забрзување на динамиката на проектите што беа наследени со застој, како и на започнување нови инвестиции што придонесуваат за подобри услови за живот, унапредување на економијата и напредок на евроинтегративниот процес. Поддршката на капиталните проекти, покрај средствата обезбедени од меѓународните финансиски институции, се реализира и преку силна буџетска поддршка. Со Ребалансот на Буџетот за 2026 година обезбедивме дополнителни 5,8 милијарди денари за капитални расходи, односно 14,3% повеќе во однос на иницијално планираните средства. Тие се инвестиција во повисока конкурентност на македонската економија, во подобра регионална поврзаност, во нови можности за бизнисот и во повисок животен стандард за граѓаните, напомена Димитриеска-Кочоска

Остануваме посветени, нагласи таа, на реализацијата на овие цели, водејќи сметка истовремено да ја зачуваме стабилноста на јавните финансии.

-Токму таквиот пристап преку одговорно управување со јавните финансии, обезбедување средства за капитални инвестиции и силно партнерство со меѓународните финансиски институции создава основа за одржлив економски раст, поголема конкурентност и побрза интеграција на нашата држава во европските транспортни и економски текови, рече Димитриеска-Кочоска.