Реклама
Македонија

Потпишување договор за пристапување во меѓународната платформа „Спортски игри за млади“

Министерството за спорт денеска на свечен настан во Владата ќe го одбележи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за спорт денеска на свечен настан во Владата ќe го одбележи официјалното пристапување на нашата земја во меѓународната платформа „Спортски игри за млади“, при што ќе биде потпишан договорот за соработка.

Договорот ќе го потпишат претседателката на Федерација на училишни спортови на Македонија, Елена Мицковска, и претседателот на Плазма Спортските игри за млади, Здравко Мариќ.

-Со потпишувањето на договорот Македонија станува дел од оваа реномирана меѓународна спортска манифестација што се одржува под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет и Европската комисија, соопшти Министерството за спорт. 

Реклама

На настанот е најавено присуство на претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за спорт Борко Ристовски, претставници од политичката и бизнис-заедницата, меѓународни претставници и истакнати спортски легенди, заштитни лица на Игрите.