237 милиони денари за општините за прочистување на отпадни води и изградба на нови линии за водоснабдување. Министерот Меџити деенска потпиша договори со 33 градоначалници од цела Македонија и објасни дека овие пари ќе бидат поддршка за подобрување на животот на граѓаните.
„Денеска се потпишаа 44 проекти за 33 општини без разлика на етничката политичката припадност, имаше и опозиција и позиција и албанци и македонци важно беше дека се квалитетни проекти за подобар животен стандард и средина. Пректите воглавно се за водоснабдување канализација и атмосферска и други квалитетни проекти кои придонесуваат за подигање на стандардот за живеење на сите граѓани на Македонија“, изјави Изет Меџити министер за животна средина.
Парите кои се обезбедени од Министерството за животна средина, не се дел од унгарскиот кредит, туку се обезбедени со ребалансот на буџетот, со кој се обезбеди и дополнителни половина милион евра за чистење на диви депонии. Меџити најави дека веќе се преговара со британска компанија и за чистење на опасен отпад.
„Вчера имавме со англиска компанија сериозни преговори за чистење на опасниот отпад во Југохром. 10 милиони денари се издвоени за чистење на дивата депонија во Никуштак и Кочани и плус ребалансот помина уште 30 милиони денари, тоа се околу 500.000 евра, за чистење на диви депонии и покрај тоа што се надлежност на општините“, изјави Изет Меџити министер за животна средина.
Покрај чистата вода владата работи на подобрување и на квалитетот на воздухот. Деновиве се потпиша меморандум со турската компанија „Казанџи Холдинг“ за гасификација на цела држава, проект вреден милијарда евра, кој треба да го подобри квалитетот на воздухот за 50 до 70%.

