Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Потпишан меморандум меѓу Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР за безбедност во сообраќајот

Фондацијата „Фросина Кулакова“ започнува официјална соработка со Министерството за внатрешни работи преку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фондацијата „Фросина Кулакова“ започнува официјална соработка со Министерството за внатрешни работи преку потпишување Меморандум за соработка, насочен кон унапредување на безбедноста во сообраќајот и спречување трагедии.

Од Фондацијата информираат дека ова партнерство претставува продолжение на нивната мисија за подигнување на јавната свест, развој на општествено одговорни кампањи и обезбедување психосоцијална и правна поддршка за семејствата погодени од сообраќајни несреќи.

Меморандумот има за цел воспоставување систем кој нема само да реагира по случени несреќи, туку активно ќе работи на нивна превенција, преку навремено препознавање на ризиците и заштита на човечкиот живот како врвен приоритет.

Реклама

– Соработката со Министерството ќе овозможи реализација на заеднички активности и јавни кампањи насочени кон подигнување на свеста за безбедноста во сообраќајот, поттикнување одговорно однесување, јакнење на превентивните механизми и обезбедување поддршка за жртвите и нивните семејства – наведуваат од Фондацијата.

Оттаму нагласуваат дека безбедноста во сообраќајот не е само прашање на санкции, туку и на свест и заедничка одговорност, и дека преку координирано делување може да се спречат нови трагедии.

– Последните сообраќајни несреќи уште еднаш потврдуваат дека безбедноста во сообраќајот не е само прашање на санкции, туку и на свест, култура и заедничка одговорност. Само преку координирано делување може да се спречат трагедии и да се заштитат човечки животи – дополнуваат оттаму.

Фондацијата е основана во чест на Фросина Кулакова, чиј живот трагично заврши на 22-годишна возраст во сообраќајна несреќа на пешачки премин.