Реклама

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Македонија

Потпишан договор помеѓу општина Битола и Владата за обезбедување на прочистувачи на воздух за јавните објекти

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и генералниот секретар на Владата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и генералниот секретар на Владата на Македонија, Игор Јанушев, денес го потпишаа договорот со кој Општина Битола ќе добие прочистувачи на воздух за јавните објекти на територијата на општината.

Прочистувачите ќе бидат наменети за објекти од областа на образованието – основни и средни училишта и објекти во кои се згрижуваат деца од предучилишна возраст – детски градинки. Реализацијата на овој договор е во насока на намалување на последиците од аерозагадувањето.

„Оваа значајна донација за нас е насочена кон обезбедување на подобри услови за најмладите и заедничко справување со аерозагадувањето, кое претставува долгогодишен проблем и за кое неопходен е ваков организиран и системски пристап“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски по потпишувањето на договорот.