Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Поставени заштитни столпчиња на булеварот „Трета Македонска ударна бригада“ во Куманово

Екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ започнаа со поставување на метални столпчиња…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ започнаа со поставување на метални столпчиња за одделување на пешачкиот од моторниот сообраќај на дел од булеварот „Трета Македонска ударна Бригада“, соопшти денеска, кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Заштитните столпчиња за разделување на пешачкиот сообраќај од моторниот сообраќај се дел од годишната програма на ЈП „Чистота и зеленило“ за која заедно со хоризонтално обележување се одвојуваат два милиони денари.

Долж булеварите во Куманово преку проектот „Урбано раззеленување за поздраво дишење“, финансиран во рамки на прекуграничниот проект помеѓу Куманово и општина Ќустендил, се насадени нови садници. Металните столбови ќе спречат уништување на овие садници.

Реклама

Претходно од општината информираа дека во рамки на проектот предвидено е садење на 220 дрвја по должината на два километарскиот булевар „Октомвриска револуција“ со поставување на клупи и канти за отпад, 137 дрвја по должината на булеварот „Трета Македонска ударна бригада“ со поставување на клупи и канти за отпад, поставување на зелен ѕид на паркингот на плоштад „Маршал Тито“ со систем за наводнување капка по капка, хортикултурно уредување, засадување на 16 дрва во дворот на техничко училиште, училиштен дом „Професор Мијалковиќ“.