Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Порталот за е – услуги лани со раст од 166 проценти на корисниците

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски вели дека Порталот за е-услуги бележи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски вели дека Порталот за е-услуги бележи рекордни резултати и станува централна точка за електронските услуги за граѓаните.

Андоновски вечерва во „Топ тема“ на гостувањето на една од националните телевизии, рече дека според податоците за 2025 година, Порталот за услуги оствари 290 проценти раст на издадени услуги и 166 проценти раст на корисници. Тоа, смета министерот, е јасен показател дека граѓаните го препознаваат, го прифаќаат и се повеќе го користат Порталот како најпрактична дигитална алатка во секојдневието.

– Со 290 проценти раст на издадени услуги и 166 проценти раст на корисници во 2025, Порталот за услуги е најкористената дигитална алатка во државата, претставува средиште на електронските услуги кои што се нудат за граѓаните. Јас сум многу задоволен како граѓаните го препознаваат и како го користат, успешноста ја мериме на тој начин – преку бројки, рече министерот Андоновски.

Реклама

Според него, Порталот денес е динамична платформа која генерира 3 до 4 нови услуги месечно, а токму услугите што се додаваат се меѓу најкористените од граѓаните.

– Ако имавме еден портал кој што беше не препознатлив и кој што луѓето не сакаа да го користат, денеска имаме портал кој што генерира три до четири нови услуги месечно, а кои граѓаните најмногу ги користат, рече Андоновски.

Министерот се осврна и на предизвиците со кои се соочува дигиталната трансформација во дел од институциите, посочувајќи дека во системот има определени институции кои процесите ги водат со значителна динамика, но и институции кои имаат „страв“ или немање воспоставен процес на дигитализација, бидејќи дигиталната услуга, на крајот, мора да произлезе од внатрешните системи на самата институција.

– Дигитализацијата не е процес на една Влада или на едно Министерство. Ова треба да биде процес на секоја институција – и на законодавна и на извршна и на судска власт. Дигитализацијата веќе не смее да се сфаќа како нешто што е убаво да се има, туку како нешто што е задолжително да се има, истакна Андоновски.