Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Порше, БМВ, Мерцедес, комбиња – Државните институции ќе можат ефтино да купуваат запленети возила

Поршиња со дупки од куршумите на криминалците, луксузни бемвиња и мерцедеси со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поршиња со дупки од куршумите на криминалците, луксузни бемвиња и мерцедеси со кои се шверцувала дрога, понови комбиња што превезувале мигранти и скапи џипови запленети од ликвидации на фирми и стечаи. Ова го поседува големиот плац од 4 хектари на Агенцијата за управување на одземен имот во скопско Идризово.

Не само МВР и Министертвото за одбрана, туку сите државни институции ќе може да ги користат овие возила согласно последните законски измени.

Агенцијата за управување со одземен имот располага со многу возила, но сепак само десетина се трајно одземени, останатите илјадници се привремено. На државните институции може да им се отстапат целосно конфискуваните, но другите автомобили ќе се продаваат. Доколку во судска постапка бидат вратени на оригиналниот сопственик, на купувачот ќе му бидат вратени парите.

Реклама

Иако Агенцијата има возила, сепак проблем се јавува во долготрајноста на постапката за трајно одземање којашто заглавува во судските лавиринти.

За овие возила има побарувачка. Само минатитопт месец биле продадени 23 за вкупно 7.5 милиони денари кои завршиле во државната каса.

И државните институции пројавиле интерес да го обноват возниот парк на овој начин наместо со купување нови. Директорката на Агенцијата вели дека направени се стратегија и план како ќе им се  остапуваат и под кои услови.  

Новите законски измени направени по европски терк овозможуваат полесно и побрзо да се расчисти плацот со конфискувани воила, а истовремено и да се полни државната каса. Агенцијата за себе задржува 7% од продажбата, останатите 93% одат во државниот буџет.

Агенцијата за одземен имот поседува и станови, куќи, плацеви како и луксузна стока односно накит, мебел и уметнички слики кои повремено се нудат на јавни лицитации.