Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Поранешните директори на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, излегуваат од притвор, прифатена гаранцијата со хипотека на имот

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, и организацискиот директор Нехад Нухи излегуваат од притвор откако Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, по предлог на одбраната и позитивно мислење од Обвинителството, донесе одлука со која се прифаќа понудената гаранција со хипотека на имот и им определи мерки на претпазливост.  Кривичниот совет при Основниот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, и организацискиот директор Нехад Нухи излегуваат од притвор откако Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, по предлог на одбраната и позитивно мислење од Обвинителството, донесе одлука со која се прифаќа понудената гаранција со хипотека на имот и им определи мерки на претпазливост. 

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје информира дека донесе решение постапувајќи по предлог на одбраната, по добиено позитивно мислење од надлежното Јавно обвинителство, со кое на обвинетиот Нино Васев му е определена гаранција во износ од 183.981 евро во корист на Македонија, која се состои од ставање под хипотека недвижен имот, а на обвинетиот Нехад Нухи му е определена гаранција во износ од 348.049 евра, исто така со ставање под хипотека недвижен имот.

На обвинетите им се определени и следните мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето на територијата на град Скопје; обврска еднаш месечно да се јавуваат во судот; и привремено одземање на патните исправи и забрана за издавање нова патна или друга исправа за преминување на државната граница.

Реклама

– При одлучувањето, покрај позитивното мислење на Јавното обвинителство, Советот го имал предвид и фактот дека мерката притвор, определена со решение на Апелацискиот суд Скопје, во согласност со законските одредби, може да биде продолжувана и да трае најдоцна до 18 јули 2026 година. Со оглед дека надлежното обвинителство се откажа од правото на жалба против овие решенија, а хипотеката понудена како гаранција е веќе впишана во Катастарот на недвижностите, тие станаа правосилни по што обвинетите се ослободени од притвор – информираат од Кривичен. 

Никола Васев и Нехад Нухи се обвинети во предметот „Онкологија 2“ дека во периодот од 2018 до 2022 година незаконски набавувале лекови преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што, според обвинението, го оштетиле државниот буџет за речиси 36 милиони евра. Покрај овој предмет, во тек е и постапката „Онкологија 1“, во која Васев и уште двајца лекари се обвинети за несовесно лекување пациенти. 

Претходно во февруари годинава Кривичниот совет на Основниот кривичен суд – Скопје го одби предлогот на одбраната за укинување на притворот на обвинетите Нино Васев и Нехад Нухи во предметот „Онкологија 2“ иако беа понудени имотни гаранции во вредност од над 350.000 евра.

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје во мај минатата година им определи куќен притвор на Нино Васев и Нехат Нухи по што Апелацискиот суд Скопје во јуни 2025 година ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство Скопје по мерките куќен притвор и им определи мерка ефективен притвор во траење од 30 дена.