Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Пораки од телефон ја отвараат приказната против експретседателката на Антикорупциска Димитровска

Еден ручек . Толку ја чинело експретседателката на Антикорупциска Татјана Димитровска полагањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еден ручек . Толку ја чинело експретседателката на Антикорупциска Татјана Димитровска полагањето на тестот за безбедносен сертификатат. Но, не е сигурно дека нејзиниот колега Миле Столевски кој полагал наместо неа, ќарил ручек. Ова произлегува од пораките кои обвинителството ги прочита пред судот со кои ја товари Димитровска за комјутерски фалсификат. Експретседателката и обвинетиот Столевски го слушаа обвинителот како ги чита во судница.

ПОРАКИ ЕСТРАХИРАНИ ОД ТЕЛЕФОНОТ НА ТАТЈАНА ДИМИТРОВСКА на 22.08.2024:

Татјана: Фала Миле частам ручек
Миле: (И праќа ПДФ формат на сертификатот што претходно го наведовме од 2023 година)
Миле: Се шалам, не частиш ништо
Миле: Со 93,33 ти е положен
Татјана:А новиот?
Миле: Тој веќе е невалиден
Миле Да ти полагам на ново?
Татјана: Мислам, да
Миле: Ќе полагам сега
Татјана: Ради ДКСК
Татјана: Ај со среќа
Миле:Фала

Реклама


Татјана: Како ти оди
Миле: Само што заврши со курсот, сега ќе полагам..(го праќа сертификатот издаден од Агенцијата за безбедност за класифицирано податоци)

Миле: Со среќа

Тајана: Па ај нека ни е, злато си..

Обвинителството децидно дека со ова се докажа  вината на Димитровска за фалсификување на безбедносниот сертификат.

  • „Сметаме дека со изведување на овие пораки докажа дека реално лицето Миле се приклучил на веб сајтот, неовластено, ги дава податоците, и го полага тестот за име и за сметка на друго лице“ рече обвинителот од ОЈО за ГОКК, Фатон Азизи.

Одбраната на Димитровска не ја спори комуникацијата, но за нив пораките не се доволни за да се исполни кривичното дело – фалсификување.  

  • „Тоа што денеска го видовме не претставува дејствие кое може да биде издигнато на ниво на инкриминација, за тоа веќе повеќе пати кажав, сето ова што денеска го видовме не претставува кривично дело…“ рече адвокатот на Димитровска, Владимир Туфегџиќ.

Обвинителството пред судот читаше и пораки помеѓу раководителката на финансии во ТЕЦ Неготино, Билјана Петровска Мантева и ексдиректорот Небојша Стојановиќ. Многу пораки биле избрашани, рече обвинителот, но сепак останале документи и фотографијата од известувањето од БЈБ дека ОЈО ГОКК има отворено постапка и бараат документација оза набавките на мазут.

  • „Ние изведовме и известување кое од БЈБ било доставено до ТЕЦ Неготино, па имаше таму и еден втор момент кој сметам дека го уловивте а тоа е бројот на службеното лице и сета таа комуникација може да претпоставите во која насока била“ рече обвинителот од ОЈО за ГОКК, Фатон Азизи.

Одбраната на Мантева тврди дека документите кои му ги праќала на ексдиректорот претходно биле потпишувани од негова страна, а на известувањето од БЈБ никаде не пишувало строго доверливо.

  • „Го видовте самиот документ, не него никаде не постои сторо доверливо, ниту пак постои било каков степен како класификација како доказ и сметам дека Билјана Петревска Мантева не постапила спротивно на член на 289 од ЗКП“ рече Надица Фундуки– Адвокат на обвинетата Мантева.

За фирмата „РКМ Енерџи“ ДООЕЛ Скопје и набавката на мазут за потребите на ТЕЦ Нефотино, обвинителката Поп-Трајкова вели дека веќе се истражува и сите докази од овој предмет, особено пораките, се индиции и таму.