Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Пoрака од Народниот правобранител по повод 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права

„Нашите секојдневни основни работи“ е мотото кое годинава Обдинетите Нации го одбраа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Нашите секојдневни основни работи“ е мотото кое годинава Обдинетите Нации го одбраа за одбележување на денешниот ден, 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права, кои, изминатите години, како никогаш досега не биле под силна закана, пред сѐ од воените конфликти.

Да се свртиме кон основните работи, да бидеме сплотени, толерантни, да им помогнеме на оние на кои помошта им е неопходна, да го истакнеме она човечното во нас, да се свртиме кон хуманоста и тоа во нашето секојдневие.

Секоја наша секојдневна рутуна да биде позитивна, суштинска, да правиме работите да бидат достижни за сите, без разлика на која група припаѓаат Ова се трите есенцијални збора – на кои треба да се фокусираме.

Реклама

Во овие турблентни времиња, во кои илјадници луѓе поради воените конфликти се соочуваат со недостоинствен живот, поради тоа што немаат покрив над глава, питка вода, храна, време во кое децата се надвор од образовниот систем, ние бранителите на човековите права мора да бидеме гласни во нашите заложби оваа состојба да се промени и нормалните текови на животот да станат „Нашите секојдневни основни работи“.

.Денес, е добар повод Ние, бранителите на човековите права, на одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права, уште еднаш да ја потврдиме нашата цврста заложба да работиме на промоција и унапредување на човековите права, и да испратиме порака: да работиме сите под еднакви услови и сите да можат да си ги остварат своите со устав и закон загарантирани права; да ги елиминираме дискриминацијата, тортурата, нехуманиот третман, да помогнеме во создавањето на услови за еднаков пристап до правото и правдата за сите; да помогнеме децата да имаат среќно и безгрижно детство, квалитетно образование; да докажеме дека потребата од родова еднаквост е минато. Всушност, тоа е и наша основна задача, како адвокати на народот, максимално да се заложиме за човековите слободи и права.