Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Поради реконструкција на „Моша Пијаде“, Куманово, граѓаните не треба да ги паркираат возилата

Поради реконструкција на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово граѓаните не треба да ги паркираат возила на местата каде што се изведуваат градежните работи, повикаа денеска од општината. Оттаму велат дека пристапот на возила ќе биде отежнат, сè до обезбедување на услови за повторен проток на сообраќајот. Оваа процедура, како што додаваат, е неопходна заради обезбедување […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поради реконструкција на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово граѓаните не треба да ги паркираат возила на местата каде што се изведуваат градежните работи, повикаа денеска од општината.

Оттаму велат дека пристапот на возила ќе биде отежнат, сè до обезбедување на услови за повторен проток на сообраќајот. Оваа процедура, како што додаваат, е неопходна заради обезбедување безбедноста при движење на граѓаните и возилата, како и заради безбедно и непречено извршување на градежните работи.

-Во претстојниот период ќе се отстранува постојаната асфалтна конструкција и ивичниците по целата ширина и скоро цела должина на улицата, наведуваат од општината.

Реклама

Во мометот се реализира втоа фаза од реконструкцијата на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово. Реконструкцијата се спроведува во неколку фази што придонесува за привремени застои, но обезбедува долгорочна функционалност на сообраќајницата. Претходно, беше поставена водоводната инсталација, следува атмосферската канализација и горниот слој. Во рамки на проектот, Општина Куманово располага со околу два милиона евра обезбедени од Светска банка. Досега се реализирани околу 1,3 милиони евра и преостануваат приближно 700.000 евра за завршување на планираните активности. Проектот опфаќа реконструкција на фекалната и водоводната мрежа на дел од улицата, во должина од околу 490 метри, од почетокот на улицата до крстосницата со „Пиринска Македонија“. Дополнително, со средства од буџетот на Општината се финансира уредувањето на подземната инфраструктура, вклучително и атмосферската канализација, која ќе се реализира во две фази, како и реконструкција на постоечката мрежа долж целата улица во должина од 1.400 метри.