Реклама

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Македонија

Поради пожар на депонијата во Радовиш, градоначалникот апелира да се избегнува непотребен престој на отворено, да се ограничат движењата и да се користат заштитни маски

Градоначалникот на Радовиш и командант на кризниот штаб, Љупче Почивалец, во консултација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Радовиш и командант на кризниот штаб, Љупче Почивалец, во консултација со лекарите од Центарот за јавно задравје – Штип апелира до граѓаните да избегнуваат непотребен престој на отворено и да се ограничат движењата, особено во периодите кога чадот од депонијата е најинтензивен.

Имено, депонијата во Радовиш гори веќе петти ден и покрај огромните напори пожарот да се стави под контрола. На терен е ангажирана механизација, која врши насипување со земја и целосно санирање на запалените површини за да се спречи натамошно ширење на пожарот.

Во препораките издадени од градоначаликот Почивалец, меѓу другото, се наведува и да се следат известувањата и препораките од надлежните институции преку радио, телевизија, интернет-портали и мобилни апликации, да се почитуваат сите наредби за евакуација или засолнување доколку тоа биде побарано од надлежните служби, прозорците и вратите во домовите и работните простории да се држат затворени, да се исклучат клима-уредите и системите за вентилација, кои внесуваат надворешен воздух.

Реклама

На граѓаните им се препорачува да престојуваат во затворени простории со што помалку отвори кон надвор, да не се приближува и да не се воспоставува контакт со отпад или предмети од погоденото подрачје сè до добивање официјална дозвола од надлежните служби, да се користат заштитни маски што филтрираат честички, при што најдобра заштита обезбедуваат маски од типот FFP2, FFP3 или N95. Уште се препорачува и да се избегнуваат спортски, рекреативни и други активности на отворено, да не се дозволува престој на деца на отворено, особено во дворовите на градинките и училиштата, а посебна заштита да се обезбеди за ранливите категории граѓани – децата, постарите лица, бремените жени и лицата со хронични заболувања, кои треба да останат во најзаштитените простории.

 Доколку се појават симптоми, како отежнато дишење, кашлица, печење во очите, вртоглавица или други здравствени тегоби, веднаш да се побара медицинска помош, а на работодовачите, според можностите, им се препорачува да овозможат ослободување од работа или работа од дома за ризичните категории вработени.

Се додава дека Општина Радовиш и сите надлежни служби континуирано преземаат мерки за локализирање и целосно гаснење на пожарот. Од таму апелираат на смиреност, одговорност и почитување на препораките, со цел заеднички да го заштити здравјето на граѓаните.