Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Поради градежни активности учениците од Драгобрашта второто полугодие ќе го започнат во централното училиште

Учениците од подрачното ОУ „Никола Парапунов“ од виничкото село Драгобраште наставата во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Учениците од подрачното ОУ „Никола Парапунов“ од виничкото село Драгобраште наставата во второто полугодие ќе ја започнат во централното училиште во Виница. Причина за ова е што се уште траат градежните активности во училишниот објектот во Драгобраште, информира локалната самоуправа.

-Во првото полугодие, исто така се работеше.  Се изврши целосната реконструкција на азбестниот кров на училиштето, кој се наоѓаше во исклучително лоша состојба и протекуваше. Истовремено, се изврши и замена на плафонот во сите училници и холот, појаснува градоначалникот на Општина Виница, Драги Костадиновски.

Во тој период, учениците од ОУ „Никола Парапунов“  на настава патуваа во подрачното училиште во соседното село Трсино. Превозот го обезбеди Општината.

Реклама

Годинава, бидејќи се уште траат градежните работи, второто полугодие учениците од Драгобраште ќе го започнат во централното основно училиште. 

Средствата за овој проект за училишната зграда на ОУ „Никола Парапунов“ во вредност од 6 милиони денари  се обезбедени преку повикот на Владата  и Министерството за образование и наука за инфраструктурни проекти за општините.