Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Попов: Во ЕУ треба да влеземе успешни и со достоинство, а не преку национални обезличувања како што тоа го правеше СДСM

-Евроинтегративниот процес на Македонија го гледам низ призма да излеземе ние подобри…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Евроинтегративниот процес на Македонија го гледам низ призма да излеземе ние подобри од целиот тој процес, а да не се обезличиме национално, истакна Сергеј Попов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Попов, како што се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, се осврна на предизвиците со кои се соочува Македонија на патот кон ЕУ, потенцирајќи дека државата заслужува како и сите останати земји, да влегуваме во ЕУ низ мерит систем.

-Сметам дека заслужуваме како сите останати земји, да влегуваме во ЕУ низ мерит систем, односно низ исполнување на оние домашни задачи коишто се зададени од ЕУ. И сметам дека би било крајно неодговорно да влеземе во една таква авантура на пристапување со преговорите со ЕУ преку гласање на уставните измени, без да знаеме дека тоа е последната отстапка, рече Попов.

Реклама

Попов додаде дека потребно е да продолжиме интензивно да ја спроведуваме Реформската агенда, никако преку национални обезличувања и дека само на тој начин може да станеме дел од европското семејство.

-Сметам дека ние треба да продолжиме интензивно да ја спроведуваме Реформската агенда, овде во Македонија, да си ја завршуваме домашната задача, ние да бидеме поуспешни за самите себе, а верувам дека ЕУ на тој начин само може да дојде. Никако само преку национални обезличувања како што тоа го правеше СДСM, дециден е пратеникот Попов.