Реклама

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

Македонија

Попов: Студентски оброк ќе добијат и постдипломците и студентите на интегрирани студии од државните и приватните универзитети

Предложените измени на Законот за студентски оброк, кои уште во вторник ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предложените измени на Законот за студентски оброк, кои уште во вторник ќе се најдат пред пратениците, предвидуваат субвенциониран студентски оброк да добијат и пост-дипломците, како и студентите на интегрирани студии на државните и приватните универзитети низ Македонија.Ова е јасен индикатор дека студентите ни се приоритет. Дека поддршката за најмладите не е само декларативна, правиме значајни чекори напред кон подобар студентски стандард, oбјави денеска Сергеј Попов.

Ова е само мал дел од нашите заложби за студентите, средношколците и младите во Македонија.Годинава од државниот буџет издвојуваме дополнителни 30 милиони евра за младите. Дел од овие пари се за на оваа група граѓани да им помогнеме да купат електронски уреди. За оваа цел ќе бидат поделени ваучери од по 250 евра, за набавка на телефони, компјутери и таблети, без кои во денешно време, тешко е да си студент ако ги немаш.

Издвојуваме и 10 милиони евра за да ги поддржиме и младите со претприемнички дух. Лицата до 29 години ќе може да аплицираат за финансиска поддршка до 30.000 евра. Средства со кои младите ќе можат своите бизнис идеи да ги претворат во успешни бизнис приказни, порача Попов.