Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Попов: Потребни се коренити реформи во научноистражувачката дејност и високото образование

Потребни се коренити реформи во научноистражувачката дејност и високото образование при што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потребни се коренити реформи во научноистражувачката дејност и високото образование при што подигањето на нивниот квалитет мора да се сфатат како услов без кој не се може за хуман и одржлив развој на македонското општество. Притоа МАНУ мора да биде предводник на овие есенцијално важни општествени промени, истакна претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, во обраќањето по повод 58-годишнината од основањето на Македонската академија на науките и уметностите. 

Според првиот човек на Академијата, промените „мора да имаат системски карактер и да се третираат како стратешки приоритети на државата“. Меѓу другото, рече, тие би вклучиле формирање на посебно Министерство за високо образование и наука, унапредена и рационална законска рамка за високо образование, научноистражувачката дејност.

-Но, за Македонската академија на науките и уметностите, која премногу долго време чека на донесувањето на измените и дополнувањата на Законот за МАНУ, за што ја користам оваа посебна прилика да апелирам државните институции тоа да го направат што поскоро, истакна академик Попов. 

Реклама

Претседателот на МАНУ укажа и на потребата од гарантирано финансирање на основните функции на државните академски институции (образование, наука, иновациски развој и апликативна дејност), „значително дебирократизирање и поголема флексибилност на Трезорскиот систем, законско дефинирање на минимални критериуми за академско регрутирање, унапредување и избор на раководен кадар, воведување мерки што стимулираат академска извонредност, формирање на посебен Фонд за поддршка на научна работа, сеопфатна програма за социјална грижа на студентската популација и академскиот подмладок, борба против одливот на академски кадар итн. 

-За пофалба е што денес, преку активностите на Министерството за образование и наука, сведочиме на создавање на клима за реализација на дел од овие суштествени стремежи, посочи Попов. 

Во обраќањето тој соопшти дека во научната програма за 2025 се работи на вкупно 75 научно-истражувачки проекти од разни области. Од нив, 45 се реализираат во одделенијата на МАНУ и 30 во истражувачките центри на Академијата. Оддделенијата и центрите при МАНУ за годинава предвидуваат 36 научни собири и конференции, домашни и меѓународни, а се работи и на обемна издавачка дејност – 27 периодични и 40 посебни изданија. Попов се осврна на активностите на секое од одделенијата и истражувачките центри на МАНУ. 

Потсети и дека 2025 е изборна година во МАНУ и дека се реализира постапката за нови членови на Академијата, нагласувајќи притоа дека таа е „отворена за сите граѓани кои ги исполнуваат високите научни и уметнички критериуми за членство во неа, без оглед на нивната етничка, верска и каква било друга припадност“.

-Овластените предлагачи навремено ги истакнаа кандидатурите на оние кои според наведените критериуми и ведности го заслужуваат ова високо општествено признание. Изборниот процес привршува и до крајот на годината Академијата ќе биде зајакната со нови квалитетни дописни и редовни членови во работниот состав и надвор од него, рече претседателот на МАНУ Живко Попов.