Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Попов: Одговорните економски политики даваат резултат, јавниот долг се намалува и изнесува 58,8 проценти од БДП

Најновите официјални податоци уште еднаш потврдуваат дека одговорните и домаќински политики на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најновите официјални податоци уште еднаш потврдуваат дека одговорните и домаќински политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, даваат конкретни резултати. Јавниот долг во вториот квартал од 2026 година изнесува 58,8 проценти од БДП и бележи намалување од 0,1 процентен поен во однос на претходниот квартал годинава. Во апсолутен износ намалувањето е за 21 милион евра, додека долгот изнесува 10.726 милиони евра, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Сергеј Попов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Споредено со состојбата на јавниот долг на крајот на 2024 година имаме намалување од 2,6 процентни поени, додека пак во однос на крајот на 2025 намалување од 0,6%.

Овие бројки се доказ дека јавните финансии се стабилизираат и дека државата се движи во вистинска насока.

Реклама

И покрај сервисирањето на значителни обврски наследени од минатото, како што е Еврообврзницата во вкупен износ од 700 милиони евра издадена во 2020 година, Владата успева истовремено да ја зачува финансиската стабилност, редовно да ги исполнува обврските и да инвестира во проекти од значење за граѓаните.

За ВМРО-ДПМНЕ задолжувањето никогаш не е цел само по себе, затоа што важно е средствата да се вложуваат во капитални инвестиции, модерна инфраструктура, здравство, образование и проекти кои создаваат економски раст, нови работни места и повисок животен стандард.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со одговорни економски политики, строга фискална дисциплина и домаќинско управување со јавните средства, со цел стабилна економија, повеќе инвестиции и подобра иднина за сите граѓани.