Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Поплавите по излевањето на Кочанска Река се повлекуваат, предизвик останува чистата вода за пиење

адојдената вода од Кочанска Река, која ги поплави селата Облешево, Спанчево, Чешиново…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

адојдената вода од Кочанска Река, која ги поплави селата Облешево, Спанчево, Чешиново и Чифлик, полека се повлекува. Но она што во моментот е најпотребно за местното население е питка вода за пиење. Поради тоа што во селата нема водовод и жителите се снабдуваат од бушотини, постои сериозна опасност водата да биде контаминирана, алармира првиот човек на општината, Јорданчо Костадинов.

Дополнително, потребна е механизација за да се исчистат речните корита. По целосното повлекување на водата ќе започне процес на дезинфекција, а веќе од утре жителите ќе може да ги пријавуваат и настанатите штети.

„Веќе од понеделник очекуваме да биде формирана комисија. Во координација со централната власт ќе ги направиме тие првични сондажи на оштетувањата коишто ги имаат зафатено нашите граѓани. Дополнително ќе дадеме информации каде да се обратат и да ги пријават штетите“, изјави Јорданчо Костадинов, градоначалникот на Чешиново-Облешево.

Реклама

Дождовите, но и поплавата, сериозно ги погодија земјоделците во Чешиново-Облешево. Според првичните проценки, околу 30% од оризовите површини останаа нежнеани. Штетите се големи и кај житните култури.

„Катастрофа, што да ви кажам… Три хектари ориз имам. 70% ми е ожнеан, а 30% ми остана во нивите. Точно за штета не можам да ви кажам, но знам дека е голема“, изјави земјоделецот Иван Панов.

„Тие повеќе не можат да се жнеат. Не може да се користат ниту како храна за луѓето, ниту за животните. Површините се под вода и таму комбајни не можат да влезат… Не е само оризот, имаме посеано и житарица. Ова се полиња со јачмен и пченица и не можат да се користат. Требаше само да се жнеат“, изјави Тони Максимов, земјоделец.

Земјоделците посочуваат дека, покрај обилните врнежи, причина за поплавите се и неисчистените вади и канали што не ја пропуштиле надојдената вода. Велат дека ова не е првпат да се соочат со вакви последици и затоа е потребно системско решение. Според нив, со навремено чистење и одржување може да се спречи голем дел од штетите што денес ги бројат.