Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Прилози

Поплавени куќи и ниви поради излевања на повеќе реки, зголемени водостои низ цела Македонија

Сатеска,  Коселска, Черава – повеќе реки се излеаа од коритата – освен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сатеска,  Коселска, Черава – повеќе реки се излеаа од коритата – освен во југозападниот дел од Македонија, според прогнозите зголемување на водостојот ќе има и во струмичкиот регион. Таму се очекува да падне големо количиство дожд во текот на денот.  Има одредени излевања, поплавени објекти и одрони, но засега состојбата е под контрола.

Голема количина дожд падна во Охридскиот регион и се поплави патот кој води до селото Орман.

Поради големото количество вода на коловозот, сообраќајот на овој патен правец е отежнат, а на одредени делови се препорачува крајна претпазливост при минување.

Реклама

Од УХМР постојано го информираат Центарот за управување со кризи за сите нови промени.

Критично изминатото деноноќие било во битолско. Од излевањето на реката Шемница се поплавиле куќа и штали.  Вардар е со зголем водостој во горниот тек од реката.

Променливо облачно време со локални обилни врнежи, можни грмежи и силен јужен ветер над 60 km/h – тоа се временските прогнози  од УХМР за до крајот на денот. Пад на температурите и врнежи од снег на повисоките места се очекува во недела.

Сите надлежни институции се навремено известени од страна на Центарот за управување со кризи за сите овие појави и веќе се преземаат соодветни мерки за санација и заштита на населението и инфраструктурата.

Од ЦУК апелираат до граѓаните да избегнуваат движење во близина на речни корита, мостови и поплавени површини, да ги следат упатствата на надлежните служби, а доколку забележат било каква опасност – веднаш да пријават на бесплатниот број за итни повици 112.