Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Свет

Поплава ја погоди Австралија

Големи поплави го погодија источниот брег на Австралија, луѓе останаа заробени на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Големи поплави го погодија источниот брег на Австралија, луѓе останаа заробени на покривите. Обилни дождови предизвикаа поплави долж источниот брег на Австралија, сериозно погодувајќи ги помалите градови на околу 250 километри северно од Сиднеј, каде жителите беа заробени на покриви.

Австралиската телевизија „Еј-Би-Си“ информира за поплави од невидени размери, опишувајќи драматични сцени додека хеликоптери и чамци ги евакуираа жителите заробени на покриви, среде обилни дождови и силни ветрови, придружени со ниска температура.

Некои жители ја поминаа ноќта заглавени на покривите, среде надојдените води. Реката Менинг во регионот се искачи на рекордно ниво од над 6 метри, а властите предупредија дека нивото на реката може да се зголеми уште повеќе, доколку продолжат обилните дождови.

Реклама

Повеќе од 80 училишта останаа затворени, а во регионот има и прекини на струја. Метеоролозите предвидуваат обилни дождови до петок.