Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Македонија

Поништен тендерот за набавка на респиратори, каде се „заглавените“ во Бразил?

Каде се респираторните апарати? Многу дилеми се отворија во врска со набавката…

Сподели:

Каде се респираторните апарати? Многу дилеми се отворија во врска со набавката на апаратите за дишење кои се потребни за лекување на ризични групи, хронично болни и стари лица, ако им се влоши состојбата, а се позитивни на Ковид 19.

Иако според здравствените власти само 5% од заболените се ставаат на апарати за дишење, тие машини се неопходни да спасат живот. Денеска министерот за здравство Венко Филипче информираше дека Владата поништила тендер за набавка на апарати, за кои се постигнала цена од по 16.000 евра.

– Денеска заврши постапката, не е точно дека таа беше завршена, не е точно дека беше избрана најскапата понуда, таа цена што денеска се постигна мислам дека е релативно прифатлива, но ниту еден економски оператор не го задоволи условот да за кратко време ја донесе опремата. Така што тој дел од набавката е поништен и истиот ќе се повтори преку Владата, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Реклама

Вчера министерот рече дека респираторни апарати има заглавено во Бразил.

– Проблем е што во овој момент респираторите се заглавени во Бразил со одлука на нивната Влада. Со интензивна комуникација со министерството за надворешни работи и нашиот амбасадор во Бразил се обидуваме таа бројка на машини да ја ослободиме, рече Филипче Министер за здравство на 20.03.2020.

Во понеделникот имаше најава дека апарати за дишење треба да стигнат до крајот на оваа недела.

– Ние набавуваме 50 што се очекува да стигнат до крајот на оваа недела,  изјави Венко Филипче – Министер за здравство на 16.03.2020.

Само една пациентка заболена од корона во моментов е на распираторен апарат за дишење. Филипче смирува дека државата располага со близу 200 машини за дишење и се набавуваат нови.

Катерина Гетева