Реклама

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Свет

Полска собори руски дронови во својот воздушен простор, Русија демантира дека сакала да ја нападне Полска

По соборувањето на руските дронови во полскиот воздушен простор, Полска побара итен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По соборувањето на руските дронови во полскиот воздушен простор, Полска побара итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации. Јужнокорејската мисија при ОН, која претседава со Советот во септември, соопшти дека во моментов се договара датумот на состанокот. Претходно, Словенија, Данска, Грција, Франција и Велика Британија веќе побараа состанок на Советот за безбедност во петок, како што беше соопштено од дипломатски извори.

Полската армија, но и партнерите во НАТО, се загрижени по вчерашниот инцидент во кој на полска територија беа соборени руски беспилотни летала што влегле во нејзиниот воздушен простор. Полскиот премиер Доналд Туск смета на поддршка од НАТО и побара консултации со сојузниците. Тој го осуди навлегувањето на руските беспилотни летала во воздушниот простор на земјата. Соборени биле 16 летала.

Ова е прв пат членка на НАТО да дејствува директно против руски беспилотни летала во својот воздушен простор откако започна војната во Украина во 2022 година. Русија, пак, демантираше дека целта и била напад на Полска. „Овие конкретни факти целосно ги демантираат митовите што Полска повторно ги шири за да ја ескалира украинската криза“, се наведува во соопштението на руското МНР.

Реклама

Европската Унија остро го осуди нападот. Реагираше и американскиот претседател Доналд Трамп.