Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Половична имплементација на Истанбулската конвенција од 2018 до 2023-та, семејното насилство во пораст

Истанбулската конвенција во нашиот систем половично е имплементирана, а преземените мерки за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Истанбулската конвенција во нашиот систем половично е имплементирана, а преземените мерки за заштита од семејно насилство не се доволно ефикасни. Владата на СДСМ и ДУИ ја ратификуваа конвенцијата на Советот на Европа, но спровеле само 48 % од предвидените 52 активности, 32 % воопшто не се реализирани, а рестото се делумно направени. Ова се резултати на извештајот за имплементација на Истанбулската конвеција за периодот 2018-2023, на Државниот завод за ревизија. Главниот ревизор Максим Мицевски вели дека немаме доволен број на шелтер центри, обучен кадар во центрите за социјална работа, а најголемите пропусти се во превенцијата.

За тој период, во земјава се регистрирани над 6000 случаи на семејно насилство, од кои над 60 % се со телесни повреди, а околу 30 отсто се животозагрозувачки. Уште пострашно е тоа што од 2023-тата па наваму, државата нема усвоено национална стратегија за спречување и превенирање на семејно насилство.

Последниве две години алармантен е бројот на случаи на насилство.

Реклама

Годинава, од јануари до јуни направени се 512 кривични дела поврзани со семејно насилство. Од нив, над 300 случаи се со тешки телесни повреди, три убиства, и уште три обиди за убиство. Од 512 евидентирани сторители, 474 се мажи, а 55 се жени. Според статистиката на МВР, најчесто сторителот е: сопруг или партнер, потоа син, па татко. Голем дел од сторителите делото го извршиле под влијание на алхолол, дури во 70 инциденти. Под дејство на дрога биле десетина сторители, а останатите стотици насилници не биле под никакво опојно влијание.

Во Скопје има евидентирани 127 кривични дела, во Битола 59, во Велес 50 кривични дела, во Куманово 57, во Тетово 70 кривични дела.

Последниот фемицид што се случи во Велес во септември годинава, предизвика лавини реакции во јавноста.